ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДС, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово
СДС, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово. Според објавените аудио снимки од разговорот меѓу Дака и Кичеец, Дака му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово, стои соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово?
Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?
Дали Заев и Филипче го ставиле личниот интерес пред интересот на граѓаните се со цел енормно да заработат? Дали Заев и Филипче за лична корист биле спремни да му дозволат на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа Дака да гради во Тетово?
За лични лукративни цели Заев и Филипче биле спремни да ја шират и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски.
Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?
Ова е доказ дека Заев и Филипче освен лични интереси ништо друго не ги интересира. Заев и Филипче се спремни да продаваат национални интереси и да шират антидржавна политика, а со тоа и да наштетат на процесот на евроинтеграциите само поради една цел, енормно да се богатат.
СДС да не молчи, Филипче да не се крие и да даде одговори на јавноста. ЈО да го истражи случајот целосно и да постапи согласно законот. Владеење на правото и правна држава мора да има.






