Повторно нема терапија за пациентите со дијабетес

Претседателот на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев, алармира за сериозен и продолжен недостиг на антидијабетна терапија, ленти за мерење шеќер и сензори, што сериозно ја отежнува состојбата на пациентите со Тип 1 дијабетес.

-Пациентите со Тип 1 веќе повеќе од еден месец немаат сензори, а во изминатите 11 месеци немавме помагала, додека 6,5 месеци бевме без антидијабетна и инсулинска терапија, изјави Велев.

Тој ја посочува како причина неодговорното планирање и доцнењето со тендерите од страна на Министерството за здравство.

Велев како решение за овие долгогодишни проблеми го истакна новиот модел на Фондот за здравствено осигурување, кој е најавен за 2027 година. Моделот предвидува воведување референтни цени во аптеките, што би овозможило на пациентите да ја подигнуваат терапијата и помагалата директно, без прекини, со цел да се избегнат политички влијанија и административни кочници од министерството.

 

Back to top button
Close