Се одложи јавната седница во Апелација за убиството на Вања и Панче

Се одложи денешната јавна седница во Апелација на која требаше да се разгледаат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Причина за одложувањето е здравствената состојба на обвинетиот Боре Видевски, кој во моментот се наоѓа на болничко лекување.

На седницата требаше да се разгледуваат жалбите поднесени од Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за киднапирањата и свирепите убиства. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Кривичниот суд.

Жалба има поднесено и Обвинителството, но во однос на ослободителната пресуда за таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски

Back to top button
Close