Свечената велигденска вечера на Мицкоски е тешка глупост и богохулие, благословено и од Архиепископот Стефан

велигденска
Ако Мицкоски сакал да слави, ја утнал главната доктрина, суштинскиот канон на православното христијанство, Воскресението и Пасхата, кога се прогласува победата над смртта и се стекнува вечниот живот во Царството небесно. Тоа е неделата. То е денот кога се слави таа голема победа, а не средата кога Мицкоски ја слави смртта.

 

Автор Зоран БОЈАРОВСКИ

Премиерот Мицкоски орагнизирал „свечена велигденска вечера во духот на големиот христијански празник, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата“.

Ништо од овој настан не е во духот на најголемиот христијански празник Велигден. Тоа што било послужена посна вечера, воопшто не е долно за да се повика на духот на Воскресението.

Единствен и доминантен дух од оваа вечера е духот на ПР настан, за кој злоупотребен и искривоколчен е Велигден.

Зашто не е до менито.

Клучната теза на оваа анализа е дека проблемот со велигденскиот „посен“ ручек на премиерот не лежи во тоа што храната била согласно постот, туку во тоа што во Велика Среда, денот кога Христос е предаден, верниците тагуваат. Не се собираат за да се веселат и дружат. Тоа најтраорниот ден во страстната седмица, а не ден за јавни, протоколарни славења во „пресрет на празникот“.

Кога премиерот станува домаќин на голема свечена трпеза токму на овој ден, страсната среда, суштински, не само симболички, го менува духовниот ритам и радоста на Воскресението и ги става пред Голгота, а постот се сведува на техничко посно мени.

Ако Мицкоски сакал да слави, ја утнал главната доктрина, суштинскиот канон на православното христијанство, Воскресението и Пасхата, кога се прогласува победата над смртта и се стекнува вечниот живот во Царството небесно. Тоа е неделата. То е денот кога се слави таа голема победа, а не средтата кога Мицкоски ја слави смртта.

Свечената велигденска вечера на Мицкоски е тешка глупост и богохулие, благословено и од Архиепископот Стефан

Да се разбереме, овој текст не полемизира со верата, ниту ги доведува во прашање чувствата на верниците; напротив. Тие се одамна јасни и утврдени и редакцијата на Рацин.мк, апсолутно го почитува правото на избор и изборот на верска припадност и почитување и практикување на вредностите што произлегуваат од таа вера.

Целата  колумна на Рацин.мк

Back to top button
Close