Пропадна велигденското примирје: Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за нападите

Велигденското примирје меѓу Украина и Русија пропадна само неколку часа по неговото стапување во сила, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот.

Од руска страна, властите во пограничните региони Курск и Белгород соопштија дека во украински напади со дронови се повредени пет лица, меѓу кои и дете. Според нив, нападите се случиле по почетокот на договорениот прекин на огнот.

Од друга страна, украинската армија тврди дека руските сили го прекршиле примирјето дури 469 пати, вклучувајќи офанзивни операции, гранатирања и напади со беспилотни летала.

Примирието, најавено од рускиот претседател Владимир Путин и прифатено од украинскиот лидер Володимир Зеленски, требаше да трае 32 часа за време на православниот Велигден.

Непосредно пред неговото стапување во сила, двете страни извршија размена на по 175 војници, што беше редок позитивен сигнал во конфликтот.

Сепак, развојот на настаните на теренот уште еднаш ја потврди реалноста – договорите за прекин на огнот остануваат кревки, а недовербата меѓу страните длабока. Војната продолжува да диктира динамика, дури и во моменти кога се очекува најмалку насилство.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close