Орбан гласаше: „Дојдов да победам, оставка само при голем пораз“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан излезе на гласање на парламентарните избори, испраќајќи јасна порака дека очекува победа и не размислува за повлекување освен во случај на „голем пораз“.
Орбан, кој повеќе од две децении ја предводи партијата Фидес, ги повика младите активно да учествуваат во изборниот процес.
„Многу добро – колку повеќе сме, толку подобро“, изјави тој, коментирајќи ја излезноста.
На прашањето под какви услови би поднел оставка, Орбан кусо одговори: „Голем пораз“. Во однос на очекувањата од изборите, неговата позиција беше недвосмислена: „Дојдов да победам“.
Гласањето на Орбан го следеа и странски медиумски екипи, меѓу кои и руски телевизиски канали, што дополнително ја нагласува меѓународната внимателност кон изборите во Унгарија, кои се сметаат за едни од најнеизвесните во последните години, објави Скопје1.мк.






