Лишено од слобода едно лице во Камењане по сомнение за мачење животни

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода пет возачи поради безобѕирно управување возило.

Според МВР, двајца возачи од Куманово и Дебар управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ возел со брзина поголема од дозволената, додека двајца возачи од Кичево и Чашка управувале возило со изречена активна забрана за управување.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close