ЛДП: Системот што го изгради Орбан беше спротивен на аспирациите на огромното мнозинство македонски граѓани

Според Либерално Демократската партија, победата на новиот унгарски премиерот Петер Маѓар над, како што велат, десничарскиот популизам е исто така голема победа за ЕУ ​​и нејзината иднина.

За таборот на Моника Зајкова, ова е добра вест за Македонија, која сака европска иднина без неправда, корупција и политичка злоупотреба. Системот што го изгради Орбан беше спротивен на аспирациите на огромното мнозинство македонски граѓани.

„Само пообединета и поефикасна ЕУ ќе може да одговори на исклучително сериозните предизвици на времето што претстои. Ја гледаме нашата заедничка иднина во интегрирана Европа, просперитетна, праведна, богата и со еднакви можности“, порачаа од опозициската партија

Back to top button
Close