Министерство за одбрана со реакција: Ја почитуваме законската регулатива во целост

Министерство за одбрана со реакција до Независниот синдикат на војниците:

За кредибилитет на личноста која го пласира сето ова говори и фактот дека за истото лице до надлежните институции од страна на Министерството за одбрана е поднесени се кривични пријави за сторени повеќе кривични дела.

Министерството за одбрана во целост ја почитува законската и подзаконска регулатива, не само од областа на одбраната туку и останатата регулатива која важи за сите граѓани на нашата држава.

Врз основ на наведените лажни информации, одговараме по ред и тоа:

Прво, Планот за преземање и распоредување на професионалните војници со навршени 45 години возраст во органите на државната и локалната власт и во други државни органи за 2026 година е донесен на 26.11.2025 година. Истиот е заведен под број – бр.01-2781/5 од 26.11.2025 година

Второ, Законот за служба во Армијата е специјален закон lex specialis, кој е  донесен врз основ на Закон за одбрана кој е lex generalis. Врз основ на Законот за служба во Армијата секој граѓанин пред да стапи во редовите на Армијата како професионален војник потпишува договор на определено време (4 годишен договор) повеќе пати до навршување на 45 години возраст. Продолжувањето на договорот зависи од покажаните резултати и условите кои ги исполнуваат припадниците, односно истите да не го нарушуваат угледот на Армијата, да не се кривично гонети и осудувани, односно да ги почитуваат законските правила и прописи кои важат за сите граѓани во државата.

Самиот закон предвидува, една година пред навршување на 45 години возраст лицата односно професионалните војници да се изјаснат дали сакаат испратнина во висина од 2 просечни плати за секоја помината година во Армијата или трансформација односно засноваат работен однос на неопределно време без објавување јавен оглас во органите на државната и локалната власт и во други државни органи.

Во меѓувреме со синдикалните претставници е отпочнати се дејствија за решавање на статусот на професионалните војници со навршени 45 години старост.

Трето, Министерството за одбрана се грижи за професионалните војници како посебна категорија, а на тоа упатува и фактот дека од страна на МО во континуитет се спроведуваат т.н. транзициони семнинари каде што на секој еден припадник му се овозможува запознавање со регулативата, нивните права и можност за идна кариера.

Согласно донесените планови за трансформација и роковите утврдени во истите, навремено се носат решенија за трансформација и истите пред датумот за трансформација се доставуваат до професионалните војници кои навршуваат 45 години.

Back to top button
Close