Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Струмица триумфираа против дебитантот Спартак со 33-30 (18-14).
Бранителот на титулата потешко од очекувањата дојде до победата, наидувајќи на силен отпор на ракометарките на Спартак, кои прв пат во клупската историја настапија во куп финалето.
Во израмнето прво полувреме, Ѓорче Петров замина на пауза со предност од четири голови, но Спартак одржуваше резултатска неизвесност и го донесе финалето во неизвесна завршница.
Спартак не искористи колосална шанса при негатива од 30-=32, по што Ѓорче Петров го реализираше својот напад и на крајот дојде до тешко извојувана победа.
За ЖРК Ѓорче Петров ова е 19 титула во македонскиот ракометен Куп.





