Стојчевски дел од УЕФА програмата за талентирани судии

Македонскиот фудбалски судија Игор Стојчевски е избран да учествува во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што претставува значајно признание за неговата досегашна работа и потенцијал.
Програмата официјално започна оваа недела во Нион, каде најперспективните европски судии имаа прва средба со своите ментори, поранешни врвни интернационални судии кои ќе ги водат низ процесот на понатамошен развој.
Во ова издание Стојчевски е избран заедно со 14 други судии, вкупно десет мажи и четири жени од 12 национални асоцијации.
Ментор на Стојчевски во рамки на програмата е легендарниот турски судија Џунејт Чакир, кој зад себе има богата интернационална кариера и бројни натпревари на највисоко ниво.
Изборот на Игор Стојчевски, како што соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија, е уште една потврда за континуираниот развој на македонското судење и вложувањата во квалитет и едукација на судискиот кадар.






