ФФМ: Забрана од четири натпревари на домашен терен за Башкими


Дисциплинската комисија при ФФМ му изрече денеска казна на Башкими 1947 за настап на домашен терен во следните четири натпревари поради пропусти во организација на натпреварот против Струга, што се одигра изминатиот викенд на стадионот во Куманово во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Казната е изречена и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории, како и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа.

Воедно, на Башкими му е изречена и парична казна во износ од 5.000 евра.

Back to top button
Close