Јаневска најавува многу покрупна неправилност на факултетите од магистрирање и докторирање без право за упис

Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска коментирајќи ги случувањата на Филозофскиот факултет на УКИМ, каде што од 2019 година противзаконски се запишувале студенти на едногодишни магистерски и докторски студи иако додипломските им биле тригодишни стручни, а не академски.

Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии и нивните уписи, по решение на ДПИ, се поништени и им е прекинато студирањето. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осумина, за кои нема решение дали дипломите ќе им бидат важечки.

Јаневска рече дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ), чиј извештај го добила доцна вчера, утврдил каде се пропустите и според тоа ги донел и одлуките како треба да се постапува. Како што рече, Инспекторатот постапувал по поплкаки и жалби на поединци.

– Во текот на викендот ќе го обработиме (извештајот) и в понеделник веќе ќе носиме решение. Министерството и Државниот просветен инспекторат немаат избор, тие мора да постапуваат по закон. Го разбирам, апсолутно, револтот на студентите, но постојат други институции каде што тие ќе си ги бараат своите права. Она што е во ингеренции на МОН од понеделник ќе биде завршено. Сè друго во соодветните институции за да биде и по закон и правадата задоволена. Она што јас како министер и оваа Влада се залагаме и многупати сме го рекле е дека ќе се работи по закон. Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат вели дека тој закон е прекршен. Мене ми е многу жал за тоа што им се случува, но кога се запишувале на втор и трет циклус, некој требало да им каже и тие самите да проверат каде се запишуваат – изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на новата лабораторија на Стоматолошкиот факултет при УКИМ.

Посочи дека Агенцијата за квалитет во високото образование од формирањето до пред осум месеци не направила ниедна евалуација, а дека во изминатите осум месеци се направени голем број евалуации со кои се утврдуваат неправилности

Back to top button
Close