Милионер и ловец на трофеи од САД загинал во заседа од пет слонови,,
Милионер од САД, ловец на голем дивеч, бил нападнат и убиен од пет слонови додека ловел мала шумска антилопа во централна Африка. Сопственикот на калифорниски лозја, Ерни Досио (75), кој поседува огромна колекција од егзотични животински глави во трофејните соби во својот дом, бил згазен до смрт.

Професионален ловец го водел Досио во густата шума на Габон во возило вредно 30.000 фунти за да го погоди недостижниот жолтогрб дуикер. Со децении тој лови слонови, леопарди, носорози биволи и лавови низ цела Африка, а дома во САД лови речиси секој вид див елен. Но, среќата на високо почитуваниот ловец истече минатиот петок додека бил во дождовната шума Лопе-Оканда кога наишол на пет женски слонови со младенче. Африканските слонови се најголемите живи цицачи, а женките можат да бидат високи 3,5 метри на рамената, да тежат речиси четири тони и да трчаат со брзина до 40 км/ч. Исплашеното стадо слонови веднаш се нафрлило на Досио и неговиот професионален ловец.
Слоновите биле толку добро скриени во густите грмушки што се појавиле „како од никаде“, а професионалецот со моќната пушка бил едноставно фрлен настрана..
Пензиониран ловец на дивеч во Кејптаун, кој ја познава жртвата, рече: „Ерни лови откако можеше да држи пушка и има многу трофеи од Африка и САД.
…






