Германскиот канцелар најави можно ублажување на санкциите за Техеран при сеопфатен договор

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор.

– Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ.

Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот во регионот.

Back to top button
Close