Иран погуби маж обвинет за шпионажа за Израел

Иран погуби маж обвинет за шпионажа во корист на израелската разузнавачка служба Мосад, објави полуслужбената агенција Тасним.

Според наводите, станува збор за Ерфан Кијани, кој бил означен како „платен насилник на Мосад“ и обвинет дека учествувал во уништување и палење јавен и приватен имот, како и во ширење страв и паника во градот Исфахан за време на протестите годинава.

Иранските власти тврдат дека Кијани користел и мачета при извршување на делата за кои бил обвинет.

Погубувањето било извршено рано утринава, откако Врховниот суд ја потврдил смртната казна и по спроведени, како што наведуваат, законски процедури.

Случајот доаѓа во време кога меѓународни организации за човекови права повторно алармираат дека во Иран често се изрекуваат пресуди по затворени судења, без можност обвинетите да имаат соодветна одбрана.

Во изминатиот период, во земјата се регистрирани повеќе егзекуции на лица обвинети за шпионажа, но и на учесници во протести и лица поврзани со опозициски групи во егзил, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close