Убедлив пораз на Вардар на гостувањето кај Монпелје
Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа со 33:23 од францускиот тим Монпелје. „Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без повредените Дмитро Горига и Јака Малус, што беше сериозен проблем за тренерот Иван Чупиќ.
Македонскиот претставник единствено на почетокот имаше нерешен резултат и последен пат беше 3:3, а по серија од четири гола француската екипа поведе со 7:3. Во неколку наврати „вардарци“ намалија на два разлика и на полувреме беше 12:10 за Монпелје.
Но, на стартот на вториот дел француската екипа направи серија од 7-1 за 19:11 што се покажа како недостижна предноста за Вардар.
Килијан Вилемон и Уго Монте Дос Сантош кај Монпелје постигнаа по 6 голови, а кај Вардар Урош Митровиќ и Жоао Педро Франциско да Силва беа стрелци на 6 голови. Во редовите на Монпелје Реми Десбоне имаше 12 одбрани.
Реванш дуелот се игра на 5.мај во Скопје.






