Гостивар и Чаир ја завршија сезоната
Со натпреварот меѓу Гостивар и Чаир стартуваа дуелите од последното петто коло од Супер лигата од кошаркарската завршница. Овој натпревар беше од лигата за опстанок, а убедлива победа од 107:72 остварија домашните кошаркари, кои следната сезона ќе играат еден ранг пониско (Прва лига).
Денешниот дуел екипата на Гостивар беше во постојано водство, а во последната четвртина постигнаа двојно повеќе поени од противникот 32:16.
Најефикасен на дуелот Леонард Диксон со 39 поени.
Утре од лигата за опстанок играат Феникс – МКК Куманово, додека во четврток е последниот дуел меѓу Работнички и Ангели.
Во ТОП 6 лигата во борба за титулата играат: Маџари – МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер – Тиквеш Голден Игл (четврток), а дуелот Кожув – ТФТ на програмата е во сабота (1.мај).






