Ташовски: Го загубивме првиот натпревар, но не и целата серија

Кошаркарите на ТФТ македонскиот претставник во АБА 2 лигата утревечер го играат финалниот натпревар број 2 против екипата на Широки. Во првиот дуел ТФТ загуби на гостувањето со 88:69, но македонскиот претставник одигра солидни 30 минути.

– Го загубивме првиот натпревар, но не и целата серија. Нема да се предадеме. Во четвртфиналето бевме во иста ситуација и направивме целосен пресврт. Се надевам дека ќе ги поправиме грешките и дека во полна сала и со поддршка од трибините ќе покажеме дека резултатот од првиот дуел не е реален, изјави македонскиот репрезентативец во редовите на ТФТ, Виктор Ташовски.

Тимот на ТФТ игра во забрзан ритам и поради обврските во домашната лига и по поразот од Широки имаа тешко гостувањето во Битола и пораз од Пелистер во домашната лига.

–  Во лимитирано време за работа успеваме да исправиме одрдени тактички детали во насока на подобрување на нашите перформанси. Имаме респект за противникот, но ја знаеме и важноста на натпреварот, истакна тренерот Боро Смилковски.

Натпреварот ТФТ – Широки се игра утре со почеток во 19 часот во салата „Лазар Лечиќ“ (поранешна Градски парк).

Back to top button
Close