(Видео) Лидерот на подмладокот на Левица казнет со 550 евра поради истакнување на палестинско знаме на мечот Македонија-Израел

Левица синоќа соопшти дека претседателот на нивниот подмладок, Андреј Куцуловски бил пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме на натпреварот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел.

Од Левица посочуваат дека била мобилизирана „толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент“.

„Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода. Во исто време, истата таа полиција под капата на Тошковски, со фрапантна леснотија дозволува да исчезнуваат и да бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува ниту со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизираати оставаат без соодветен институционален одговор. Државата казнува солидарност, а премолчува насилство“, велат од опозициската партија.

Back to top button
Close