(Видео) Пожарот во Визбегово е под контрола, се запалила машина за мелење железо, велат од ЦУК

Густ чад се издигна над Скопје откако избувна пожар во близина на Визбегово, каде горел отпад и индустриска опрема.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, преку бројот 112 била пријавена запалена машина за мелење железо на улицата 1675 број 24, на подрачјето на Шуто Оризари.

На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.

Од РЦУК Скопје информираат дека пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи локацијата е оградена со ѕидови.

„Пожарот е под контрола и нема ризик да се прошири“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Надлежните посочуваат дека дополнителна опасност е избегната бидејќи плацот каде избувнал пожарот е ограден со ѕидови.

 

Back to top button
Close