Кривична и притвор за полицаец осомничен за напад врз сопругата

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по итна постапка до ОЈО ГОКК против 39-годишен полициски службеник, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите, станува збор за вработен во ОЗОЛО-ЕОПРСМ при МВР, кој на 02.05.2026 физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка, кој му одредил притвор во траење од осум дена.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред, како и мерки за негово отстранување од работното место.

Back to top button
Close