Кроација ерлајнс откажува 900 летови поради високи цени на горивото


Во следниот квартал, Кроација ерлајнс откажува околу 900 летови, односно пет проценти од вкупно планираните 27.000 операции, поради драстичното зголемување на цените на горивото што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај. Поради кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа 13 илјади летови само во мај, што значи дека два милиони седишта беа избришани од распоредот.

Цените на горивата се зголемија повеќекратно, што доведе до најголемата криза во воздушниот сообраќај од пандемијата на коронавирусот.

Славен Жабо, директор за комерцијални работи на Кроација ерлајнс, ја потврди сериозноста на ситуацијата. „Неповолната геополитичка ситуација имаше негативно влијание врз цената на горивото. Цената на млазното гориво се дуплираше од почетокот на кризата и порасна посилно од цената на сировата нафта. Сегашната цена на млазното гориво ќе предизвика загуби од повеќе милиони долари за сите авиокомпании, вклучително и Кроација ерлајнс, во овој период“, рече Жабо.

„Освен цената на горивото, што е клучен трошок, цените на билетите во наредниот период ќе бидат под влијание и на цените на другите засегнати страни кои ги зголемија. На пример, аеродромот во Загреб најави зголемување од 20 проценти од 1 јуни, што директно ќе се одрази на цената на билетите преку патничкиот данок“, рече Жабо

Back to top button
Close