ТВ 21-Државниот јавен обвинител Ненад Савески со моден печат на конференцијата – елегантни дезенирани чорапи за модерен институционален имиџ?

На конференцијата за транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, вниманието покрај темите го привлече и стилот на државниот јавен обвинител Ненад Савески. Со елегантен изглед и впечатлив моден детаљ – дезенирани чорапи, Савески испрати порака за модерен и префинет институционален имиџ.

Државниот обвинител Савески на конференцијата истакна дека Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне транспарентноста и да се трансформира во „отворена и отчетна институција“.

„Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и меѓународни, за работата на Советот на јавните обвинители не даваа многу позитивни оценки за институционалната транспарентност. Се бара подобро образложување на одлуките и постапки кои кај јавните обвинители и кај општата јавност ќе создадат чувство дека се одлучува врз основа на јасни и мерливи критериуми и недвосмислени принципи. Но, исто така, факт е дека во последниот период, Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне транспарентноста и да се трансформира во отворена и отчетна институција”, истакна Савески.

Back to top button
Close