Кривична за 52 годишник од струшко – нападна соученик на ќерка му

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.А.(52) од с. Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Како што стои во полицискиот билтен – на 01. април годинава во основно општинско училиште во с. Радолишта, пријавениот физички нападнал малолетен соученик на неговата ќерка.






