Прегазена пензионерка во Скопје

МВР информира дека вчера попладне околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Вера Јоциќ“ со ул. „Народни Херои“ во Скопје, патничко возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Back to top button
Close