Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите во Скопје пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол

Приведени се 18 возачи за безобѕирно возење на територија на цела држава од кои 16 биле без возачка, а двајца со активна забрана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осум возачи се од Скопје (од кои двајца малолетници), тројца се од Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар.

Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во крвта. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана.

– По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, информира МВР.

Back to top button
Close