Американски суд пресуди дека царините на Трамп од 10 проценти се незаконски за две компании и државата Вашингтон
Американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон.

Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. Судот оцени дека воведувањето на царините согласно членот 122 од Трговскиот закон од 1974 година било неправилно.
Во пресудата се наведува дека администрацијата на Трамп немала доволна законска основа за примена на оваа одредва во конкретниот случај.





