СДСМ ги исклучува коментарите под своите објави на социјалните мрежи: Се бориме против фабриката за лаги на ВМРО

Опозицискиот СДСМ објави дека од денеска привремено ја исклучува можноста за оставање коментари под своите објави на официјалните профили на партијата на социјалните мрежи. Причината за ваквиот потег, како што наведуваат од партијата, е бидејќи владејачката ВМРО-ДПМНЕ користи платформи и ботови против СДСМ на социјалните мрежи, со што, како што велат, граѓаните повеќе не можат да ја разликуваат лагата од вистината.

„Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 отсто од медиумскиот простор во Македонија (Петер Шац, Агнеш Адамик и компанија), против која веќе започнаа истражни дејствија од страна на унгарската полиција, а наскоро се очекува и вклучување на Европското јавно обвинителство, криминална група ВМРО користи и платформи и трол-фарми на сестринската партија СНС и Вучиќ. Со оваа Гебелсова (фашистичка) метода – илјада пати повторена лага станува ‘вистина’, а граѓаните повеќе не можат да ја разликуваат лагата од вистината“велат од СДСМ.

Опозиционерите велат дека со исклучување на можноста за коментирање под нивните објави, всушност, започнуваат отворена борба за вистината против фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе поднесеме и кривична пријава против директорите, уредниците и сопствениците на Орбановата Алфа ТВ. Ова ќе биде втора кривична пријава против нив – првата беше за перење пари“додаваат од партијата на Филипче

Back to top button
Close