Маѓар утре ја презема власта во Унгарија
Лидерот на партијата Тиса и победник на парламентарните избори, Петар Маѓар, ќе положи заклетва како нов унгарски премиер утре во 15 часот, а тоа ќе го стори на голем собир на плоштадот пред зградата на парламентот.

Со тоа ќе се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан и партијата Фидес.
„Заедно ќе поминеме низ вратата на промена на режимот. Дојдете, донесете го вашето семејство и пријатели“, нагласи Маѓар во објава на социјалните мрежи.
Меѓу приоритетите на новата влада, Маѓар објави дека ќе бидат поправени односите со партнерите од ЕУ и ќе биде воспоставена новата позиција на Унгарија меѓу западните демократии, што беше доведена во прашање поради блиските врски на Орбан со Русија.






