САД објавија први тајни документи за НЛО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го објави првиот пакет претходно класифицирани владини документи за неидентификувани аномални феномени (UAP), попознати како НЛО.
Објавата ја најави Министерството за одбрана на САД како дел од програмата PURSUE, меѓуагенциски проект во кој учествуваат Белата куќа, Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, НАСА, ФБИ, Министерството за енергетика и Канцеларијата во Пентагин за решавање аномалии во сите домени.
Според соопштението, новодекласифицираните материјали вклучуваат видеа, фотографии и владини документи и се достапни преку нов онлајн портал. Администрацијата објави дека дополнителни документи ќе бидат објавени постепено. Сите документи поврзани со НЛО може да се видат на – https://www.war.gov/UFO/
Тие велат дека одлуката следува по наредбата на Трамп да започне со декласификација на записите за НЛО „во интерес на целосна транспарентност“.
Администрацијата вели дека сите документи биле прегледани од перспектива на националната безбедност пред објавувањето, иако дел од материјалот сè уште не е целосно анализиран.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, рече дека документите биле скриени долго време и со години поттикнувале јавни шпекулации.
Директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, рече дека американските разузнавачки агенции спроведуваат обемна проверка на владините записи за НЛО за да обезбедат „максимална транспарентност“ за јавноста.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, ја нарече објавата „историски чекор“, додека администраторот на НАСА, Џаред Исакман, рече дека агенцијата ќе продолжи да ги проучува необјаснетите феномени преку научни истражувања.
Администрацијата соопшти дека нови декласифицирани досиеја за НЛО ќе бидат објавувани сукцесивно.
www.war.gov






