Тешко повреден млад полицаец – обидувајќи се да избегне лисица изгубил контрола
На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда”, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.






