Скопјанка даде 2.500 евра за „вработување на државно“ – остана и без пари и без работа
МВР информира дека вчера попладне во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04. до 06. овој месец таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари.

Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари.
Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот






