„Не се трпи веќе, родител го исфрлија, а адвокатите не ги казнуваат кога дофрлаат“, таткото на загинатата Надица револтиран од судењето за „Пулс“

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата во дискотеката „Пулс“, остро реагираше на однесувањето во судницата, откако родител кој реагирал на изјава на адвокат бил исклучен од рочиштето, додека, како што рече, адвокатите на обвинетите не биле санкционирани иако дофрлале и зборувале без дозвола на судијката.

Наунов посочи дека еден од адвокатите на обвинетите дал коментар за снимка која е презентирана како доказ, на која се гледал повреден млад човек.

„Се гледа како еден од најповредените, излегува од дискотеката, еден од адвокатите на обвинетите рече дека ‘еве како имало 700 степени, гледај го дечкото како го шета дека е на пазар’“, рече Наунов.

Тој додаде дека поради таквата изјава реагирал еден од родителите, по што бил отстранет од судницата објави Скопје1.мк

Повеќе

Back to top button
Close