Оставени на цедило: Над 200 корисници без „Помош и нега во домот“ во Скопје и Струмица

Иако институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, корисниците остануваат без неопходната помош што секојдневно ја добивале во своите домови. Дел од нив зависат од негуватели за основни активности, како хигиена, подготовка на храна, движење и набавка на лекови, пишува Potralix.mk

Над 200 корисници на услугата „Помош и нега во домот“ во Скопје и Струмица останаа без поддршка откако на 12 мај годинава истече лиценцата на Црвениот крст за обезбедување на услугата. Корисниците, кои се особено чувствителна категорија граѓани и зависат од помош при извршување на основните дневни активности, во петокот, на 15 мај, биле известени дека тој ден нема да добијат помош од негувателите и волонтерите на Црвениот крст, бидејќи лиценцата не била обновена, оставајќи ги семејствата во неизвесност и без објаснување како понатаму ќе се организира грижата за нивните најблиски.

Од Црвениот крст велат дека до овој момент немаат информација дека услугата или соработката со Министерството за социјална политика, демографија и млади целосно ќе престане, но потврдуваат дека лиценцата за обезбедување на услугата „Помош и нега во домот“ истекла на 12 мај 2026 година во Скопје и Струмица.

„Документацијата за продолжување беше навремено доставена. Постапката за обновување на лиценците е во тек и очекуваме нејзино финализирање“, велат од Црвениот крст.

Повеќе

Back to top button
Close