Пожар во зградата на Јавно обвинителство: Гореле хартии во женскиот тоалет, осум пожарникари итервенирале


Противпожарната бригада на Град Скопје вчера интервенирала во зградата на Јавното обвинителство по дојава за пожар.

Командирот на Противпожарната бригада-Скопје, Звонко Томовски, за „Скопје1“ потврди дека дојавата била примена во 13:48 часот, по што на терен биле испратени две противпожарни возила и осум пожарникари.

„Да, вчера во 13:48 имаше дојава за настанат пожар во Јавно обвинителство. Интервенирано е со две ПП возила со 8 пожарникари“, вели Томовски

Според него, станувало збор за запалени хартии во женски тоалет.

„Стануваше збор за опожарени хартии во женски тоалет. Од наша страна извршена е проверка и вентилирање на просториите“, додава Томовски за „Скопје1“.

Неофицијално, огнот избувнал во корпа за отпадоци.

Back to top button
Close