Николоски: Автопатот Охрид – Кичево може да биде готов и пред мај следната година
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, но дека очекува тој да биде завршен и порано, додавајќи дека работите на терен се одвиваат добро. Во интервју за ТВ Сител, Николоски посочи дека досега е пуштена во употреба траса од 37 километри од вкупно 57 километри.

-Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат, рече тој.
Посочи дека претходно имало бројни проблеми, но дека тие сега се надминати откако посериозно се посветиле на проектот.
-Мислам дека прашањето не е само математичко туку е филозофско. Овој автопат се гради 12 години, но во суштина не се гради повеќе од 2 години, ако сакаме да бидеме реални, кажа Николоски






