Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

Британската полиција покрена истрага против Ендру Маунтбатен-Виндзор по наводи за сексуални престапи, откако жена пријавила дека била одведена во неговиот дом за да има интимни односи со него.

Помошникот началник на полицијата во Темза Вали, Оливер Рајт, изјавил дека истрагата продолжува и дека станува збор за сложен случај кој бара анализа на голем број информации добиени од јавноста и други извори.

Ендру Маунтбатен-Виндзор, брат на Чарлс III, ги негира сите обвинувања и тврди дека не бил вмешан во никакви криминални дејствија.

Според британските медиуми, истрагата е поврзана и со документите од случајот на Џефри Епстајн, објавени во јануари, во кои наводно се споменува и принцот Ендру.

Полицијата проверува повеќе можни кривични дела, меѓу кои сексуални престапи, измама, корупција и попречување на правдата. Во тек е и соработка со обвинителството за да се утврдат сите околности поврзани со случајот.

Back to top button
Close