(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Голем пожар избувна во Радовиш, каде според информациите објавени од М-НЕТ, гори објект на поранешна фабрика.
Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица или поголема материјална штета.
На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот, додека се очекува повеќе детали да соопштат надлежните институции и противпожарните служби.






