ФОТО: Се сруши дел од ископ на градилиште– граѓаните прашуваат: Дали ова е безбедно?

Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, а денеска дојде до сериозен одрон на земјиштето, објави 4news.mk

Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.

.

Се излизга земјиштето на градилиште на булеварот Теодосиј Гологанов во близина на Католичка црква во Скопје, по што цел тротоар пропадна и бандера падна врз кола.

Фејсбук страната „Во одбрана на Буњаковец“ објави дека свлечиштето е на спојката на улицата Христо Смирненски и булеварот Теодосиј Гологанов и дека на градилиштето се работело и денес, на државен празник. Оттаму велат дека е оштетена целата инфраструктура: кабли за струја, телекомуникации.

Жителите од околните згради велат дека уште од стартот предупредувале на небезбедното копање и недостатокот на соодветна заштита.

Пред еден месец, на 24 април, еден работник загина, а четворица беа повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода.

Back to top button
Close