Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најавува нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“.

Тошковски: И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземен од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски период се случуваат токму овие работи поврзани токму со истиот ‘доминус литис’ во рамки на постапката. Многу чудно. Ќе каже времето зошто е тоа така. Јас не можам во оваа фаза да говорам повеќе.

360 степени: Вие тој што го нарекувате суверен во постапката, вака нели му правите непримерен притисок? Не само со вашите изјави. И сите други коишто даваат такви изјави. Треба ли тоа низ каналите на институциите да се реши?

Тошковски: Согласно она коешто го поседува, доказниот материјал, ова е најблагиот начин на којшто јас можам да комуницирам во јавност. Поблаг од овој не познавам. Ова е најблагиот начин. А и вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал.

Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари.

Back to top button
Close