Грција нема да воведе данок за празни станови
Програми за социјално домување, ограничувања и мерки против краткорочното изнајмување, поттикнување на отворање на затворени недвижности, како и даночни мерки за оние што остануваат празни, се дел од станбените политики во Хрватска, Шпанија и Ирска.

Овие модели биле избрани како „најдобри практики“ во еврозоната и биле разгледани на состанокот на Еврогрупата во Никозија, на иницијатива на Киријакос Пиеракакис.
Претседателот на Еврогрупата за првпат го ставил прашањето за станбената криза на агендата, посочувајќи дека станува збор за проблем кој ја засега цела Европа и веќе е предмет на дискусии во Брисел и Стразбур.
Во моментов, Еврогрупата не разгледува конкретен акциски план, туку министрите биле информирани за примерите од трите земји.
Пиеракакис посочил дека не постои универзално решение кое може да се примени насекаде и дека секоја земја треба да ги креира своите политики според сопствените услови. Сепак, не ја исклучил можноста за заеднички мерки во иднина, додавајќи дека „решенијата се објавуваат кога ќе созреат“.
Од извор во грчката влада било потврдено дека Грција не размислува за воведување данок на празни недвижности. Оваа мерка била отфрлена уште во 2025 година.





