„Душава ми изгоре, срцето ми се распарчи“: Сопругата на Ристе Велков со трогателни пораки за него и синот Адам
Македонската јавност беше потресена по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија четири лица – оперскиот пејач Ристе Велков, неговиот 20-годишен син Адам и уште две 20-годишни момчиња.

По трагедијата, на социјалните мрежи се огласи сопругата на Ристе и мајка на Адам, Христина Велкова, која со емотивни пораки се прости од својот син и сопруг.
– Advertisements –
Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи!
Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас.
Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко.
Ќе биде многу тешко без тебе.
Збогум најмил мој!
Христина се прости и од својот сопруг Ристе, опишувајќи го последното испраќање како филмска, но сурова сцена, во која и самата природа сочувствувала со нивната болка. Ужалената Христина вети дека ќе собере сила за нивната малечка ќерка Марија.
Збогум љубов моја!
Збогум кралу мој!
Збогум мој NABUCCO!
Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од „Nabucco”- силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко, но овој пат засекогаш.
Денеска и небото плачеше со нас за тебе и за нашиот принц Адам. Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија.
ЗБОГУМ ЉУБОВ МОЈА






