(Видео) Јакимовски за Лукровски: Болен е да оди на работа, не е болен да оди на шопинг

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција изјави дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување околу 20 дена, бил забележан во трговскиот центар Сити Мол и во околните маркети, додека во истиот период не доаѓал на работа.

Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски.

Јакимовски посочи дека Сити Мол се наоѓа на околу 300 метри од работното место на Лукровски и додаде дека, според него, тој е „болен за работа, но не и за шопинг“.

Тој нагласи дека целата ситуација ја плаќаат граѓаните на Карпош и побара одговорност

Целата прес-конференција во продолжение:

Back to top button
Close