Ќе се продаваат Хотелите Бристол и Јадран во Скопје

„Македонијатурист“ денеска преку „Македонска берза“ извести дека Собранието на акционери на 22 мај во петокот ја одобрило продажбата на хотелите Бристол и Јадран (Арапска куќа) во Скопје. Покрај хотелите, ќе се продаваат и становите што ги поседува ова акционерско друштво на улица Максим Горки и деловниот простор „Пивница“.

Претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а нагласено е дека цената по која ќе се продава овој имот ќе биде одредена од овластен проценител.

 

Истовремено одобрено е и купувањето на парцела од 8.081 метри квадратни во населбата Реонски центар во Општина Аеродром за 17,7 милиони евра на улица Г.Константиновиќ.

Угостителско-туристичкото друштво објави дека парцелата има градежна маркица за станбен и деловен простор кој ќе се издава и продава штом се изгради, а од „Македонијатурист“ сметаат дека оваа инвестиција во иднина дополнително ќе ги зголеми приходите.

Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои, за разлика од овие што се продаваат, се активни и работат

Back to top button
Close