Ќе се затвори јамата на градежниот објект каде што се појави свлечиште
Во законската регулатива не постои задолжение за изведба, за проект за заштита на градежни јами и токму од тука настануваат сите проблеми како овие, изминатите два-три месеца, изјави денеска деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски.

Како што оцени, сите институции во својот домен треба да го направат она што е потребно
–Сметам дека треба да се разбудиме, треба сите институции во својот домен да го направат она што е потребно, а ние како Градежен факултет и фела, тука сме да ги дадеме нашите согледувања и инструкции – што е неопходно да се направи за да вакви состојби не се повторуваат во иднина – рече Јосифовски.
Најбитната е, истакна Јосифовски, да се затрупа градежната јама и да се врати во првобитна состојба, па потоа да се бараат решенијата, за што се согласиле и градоначалникот и инвеститорот






