„Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа

Aмериканските медиуми „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради ограничувањата за пристап на нивните новинари до Белата куќа. Тие наведуваат дека администрацијата продолжила да ги ограничува и по судската одлука со која беше наложено да им се овозможи пристап, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Во дополнетата тужба, медиумите бараат од федералниот суд во Вашингтон да ѝ забрани на Белата куќа да ги исклучува нивните новинари од групата репортери што известуваат од непосредна близина на претседателот, вклучително и од Овалната соба и од авионот „Ер форс уан“.

На 24 септември, федералниот судија Тимоти Кели издаде неколку налози со кои ѝ наложи на администрацијата на Трамп повторно да им овозможи пристап до Белата куќа на новинарите од трите медиуми.

„Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ тврдат дека и по судската одлука продолжила практиката нивни новинари да бидат исклучувани од одредени простории во Белата куќа. Според нив, со тоа се прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја гарантира слободата на говорот.

Back to top button
Close