(Видео) Роботи што играат српско оро ќе ги пречекуваат посетителите на ЕКСПО 2027 во Србија

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кој престојува во официјална посета на Кина, објави видео на социјалните мрежи во кое хуманоидни роботи играат „Моравец“, најавувајќи дека првата фабрика за вакви роботи наскоро ќе биде отворена во Србија.

Во објавата на Инстаграм, Мали посочи дека за време на посетата на иновативниот центар на кинеската компанија Minth Future Factory имал можност да види роботи кои изведуваат традиционално српско оро

„Во Кина многу работи се можни, па дури и роботите да играат ‘Моравец’, во што и самите се уверивме“, изјави Мали.Тој најави дека планот е ваквите роботи да ги пречекуваат посетителите на EКСПO 2027.

Во Кина престојува и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека првата фаза од производството, односно склопувањето на хуманоидните роботи, треба да започне во Србија до 15 јули.

видео. Скопје1

Back to top button
Close