„Нетпрес“: Абдулвехап Хусеини, инвеститорот што направи инцидент при градбата на „Тедоосиј Гологанов“, е раководител во Центарот за социјално во Тетово
Абдулвехап Хусеини, сопственик на една од фирмите инвеститори на зградата на булеварот „Теододсиј Гологанов“, каде што при копање на дупка се случи свлечиште на зeмјиштето, работи и како раководител на сектор во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави ТВ Телма.

Тој раководи со секторот Права, а бил пријавен и за „несовесно работење во службата“. Се спогодил со обвинителството, а на државата и вратил 18.000 денари. Како што објави Телма, вработена во центарот го пријавила за мобинг, но судот пресудил во корист на Хусеини, објави информативната агенција „Нетпрес“.
Инспекторите на Град Скопје во координација со градежните инспектори на Општина Центар, го задолжиле инвеститорот, за 30 дена, на своја сметка да го санира градилиштето и да ги направи неопходните градежни зафати, кои ќе гарантираат безбедност на граѓаните и на соседните згради.
Од досегашните сознанија, пропусти во надзорот на градежните активности се најверојатната причина за инцидентот. инвеститорот на градилиштето не поставил доволно ткн „шипови“, што е важна градежна постапка за голема носивост и стабилноста на целата конструкција, особено кога станува збор за растресита почва на која се гради. Односно тоа е метод со кој се овозможува пренесување на товарот од конструкцијата кон подлабоки и поцврсти слоеви на почвата, објави „Нетпрес“.






