Минималецот во Луксембург од утре скока на речиси 2.800 евра

Луксембург одлучи да ги зголеми платите на своите граѓани и од утре 1 јуни 2026 година, платите и пензиите ќе бидат зголемени за 2,5 проценти, како одговор на зголемената инфлација и наглиот скок на цените на енергијата.

Зголемувањето од 2,5 проценти автоматски ќе се примени на платите на вработените во приватниот сектор, платите на државните службеници и пензиите.

Минималната бруто плата за неквалификувани работници ќе биде 2.771 евро месечно, додека квалификуваните работници ќе добиваат најмалку 3.325 евра.

Механизмот за автоматско прилагодување на инфлацијата е специфичен за Луксембург и го пресметува Националниот институт за статистика и економски студии (Statec). Неговата цел е да се зачува куповната моќ на населението за време на периоди на инфлација и економски кризи и се однесува на сите вработени без исклучок.

Statec соопшти дека годишната стапка на инфлација, мерена според националниот индекс на потрошувачки цени, достигнала 2,3 проценти во мај.

Со тоа, шестмесечниот просек на индексот го надмина прагот поставен за активирање на новото прилагодување на платите и пензиите кон зголемувањето на трошоците за живот.

 

Back to top button
Close